Роберт Редфорд ја обвинува светската џетсетерка Парис Хилтон дека со нејзиниот начин на однесување го намалува престижот на кино фестивалот Санданс, бидејќи присуствувала на настанот само поради забавата што следувала после тоа.
„Таа нема ништо заедничко со филмовите. Во кој филм учествува? Таа и нејзиното друштво се заинтересирани само за журки и забави и одземаа голем дел од привлечноста на овој фестивал. Веќе се премногу луѓето кои доаѓаат на фестивалот поради сопствени интереси и цели„, изјавил Роберт Редфорд.
Тој смета дека Парис Хилтон и таквите како неа го користат фестивалот за да се рекламираат себе си, наместо да изразат почит кон независното кино.