Лејди Гага и блогерот Перез Хилтон некогаш беа големи пријатели, но тој сега вели дека нема намера да и биде повеќе близок со неа, бидејќи ја смета за лоша личност.
“Ако ме познавате, тогаш знаете дека не сум фолирант и дека работите ги држам во рамките на реалноста”, рекол тој во шоуто на Венди Вилијамс.
“Гага не беше искрена во врска со своите проблеми. За време на снимањето на едно интервју намерно се напи, меѓу останатото. Кога луѓето се на дрога или алкохол, тогаш се однесуваат ирационално и многу се злобни кон оние кои ги сакаат”, додал тој.
Перез исто така објаснил и зошто ја споредил Гага со вампир на својот Твитер профил.
“Таа им се лепи на луѓето, ги искористува и кога веќе нема да и бидат од корист, едноставно ги отфрла”. Тој додава и дека воопшто не бил запознаен со тоа дека станот кој сакал да го купи се наоѓа во зградата каде што привремено живее и Лејди Гага.
“Да го знаев тоа, никогаш немаше да отидам на тоа место. Дали има шанси да се смириме? Не.”
