Лејди Гага изјави искрено дека се перцепира себе си како болен човек. Неодамна пејачката ги удостои своите фанови со внимание и посвети време да им одговори на прашањата за новиот албум.
“Јас сум болен човек, а студиото за мене е болница”, искрена е екстравагандната пејачка. “Целото време го поминувам таму. Како збунет зависник сум”, дополни Гага.


