ШоуБиз

Лејди Гага новиот сопственик на имотот на Мајкл Џексон

Лејди Гага сака да купи дел од Неверленд – познатиот имот на Мајкал Џексон во Калифорнија.

Ѕвездата не го купува имотот за себе, нејзината цел е да го возобнови и да го зачува за децата на Кралот на поп музиката.

Гага е голем фан на Мајкл и блиска пријателка со сестра му Латоја. Во разговор со неа Гага изјавила дека кога децата на Џексон ќе бидат полнолетни ќе им го вратела Неверленд на вистинските сопственици.

Мајкал Џексон го купува имотот во 1988 година и го прави преубав забавен парк за деца, но откако е обвинуван за педофилија Џеко речиси воопшто и не стапнува повеќе во Неверленд, а имотот постепено почнува да пропаѓа. Во 2008 година поради финасиски потешкотии продава дел од имотот.

 

 

Напиши коментар