Контроверзната пеачка Лејди Гага полека се опоравува од операцијата на кукот која неодамана ја имаше, а сега покажа дека и покрај здравствените проблеми кои ги има нема да престане да ја изненадува јавноста.
Лејди Гага во Њујорк се појавила во количка украсена со 24-каратно злато кое за неа го направил дизајнерот на накит Кен Борочов, со кој пеачката и порано соработувала. Количката има кожно седиште и чадор за сонце.

