ШоуБиз

Лејди Гага спремна да се вати на сцена!

Менаџерот на популарната пеачка Лејди Гага, Винсет Херберт, откри тека таа одлично се опоравува по операцијата на кукот, како и дека е спремна да се врати на работа. Контроверзната звезда се подвргна на операција во фебруар, по повредата поради која мораше да ги откаже преостанатите настапи во оквирот на својата турнеа.

–          Таа неверојатно напредува и одлично се чувствува. Едвај чекам луѓето да ги слушнат нејзините нови песни и да ја видат како се враќа на сцената здрава, јака и подобра од било кога – рекол Херберт.

Се очекува оваа година Лејди Гага да го објави својот нов албум “Arttop”.

Напиши коментар