Кога не носи шилци, здолништа од месо, вештачка коса и лудо високи платформи, Лејди Гага е сосем едноставна девојка.
Славната пеачка минатиот викенд присуствувала на венчавката на својата најдобра пријателка и ги изненадила гостите со “нормален” изглед.
Наиме, Гага била една од деверушите, па по желба на невестата, била облечена во долга, романтична тоалета.
Згодната плавуша изгледала многу нежно со долга плава коса и цвет на страна, па мораме да признаеме дека овој изглед навистина добро и стои.



