Lady Gaga била приморана да ја откаже својата “Born This Way” турнеа од здравствсни причини, а сега постои можност тоа да ја чини милиони долари.
Пеачката пред неколку дена открила дека треба да го оперира кукот поради запаление на зглобовите, по што ќе и биде неопходно долго опоравување. Покрај тоа што ќе ги изгуби приходите од откажаните концерти, и прети опасност и од плаќање многу пари на осигурителните компании, кои можеби ќе ја криват затоа што го префорсирала своето тело закажувајќи дополнителни концерти. “Осигурителните компании на Gaga темелно ќе ги прочешлаат нејзините осигурителни полиси. Постои шанса да заклучат дека повредата била нејзина грешка бидејќи пренапорно работела и закажала премногу концерти, па најверојатно таа ќе треба да ги плати сметките”, открил изворот. Пеачката открила дека чувствувала болка неколку месеци, но криела бидејќи не сакала да ги откаже своите настапи.