Како пренесува списанието Life Style, Лејди Гага во моментов живее во луксузен стан во Њујорк, кој го изнајмува за астрономски 22.000 долари месечно! Еден од изворите тврди дека пеачката во тајност живее на таа локација веќе неколку месеци. Еден од нејзините комшии изјавил: “Тоа е кул! Таа постојано доаѓа и си заминува во придружба на обезбедувањето. Не можам да верувам дека ми е комшивка.” Пред неколку години кога била на почетокот на кариерата, Лејди Гага исто така живеела во изнајмен стан, но за него месечната кирија изнесувала 1100 долари.

wenn4194161

Напиши коментар