Кога косата е оштетена и сува, а краевите цветаат, косата изгледа лошо – неоформено и безживотно.
Доколку имате сува коса и расцветани краеви, пробајте да ја направите следнава маска. Не бара повеќе од 30 минути, а има прекрасен ефект.
Потребни приозводи:
- 2 лажици мед
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица јаболков оцет
Како да ја подготвите:
Ставете ги сите состојки во еден сад и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската врз расцветаните краеви на косата. Почекајте половина час, а потоа исплакнете ја со вода.