Во старицата од 82 години, која дошла во болница во Колумбија заради болки во стомакот,лекарите во абдоменот откриле скаменет фетус, односно литопедион.
Лекарите најпрво се посомневале дека има воспаление на дигестивниот систем, па ја испратиле на испитување мислејќи дека има камен, меѓутоа, на рендгенот се покажал фетус кој бил во неа 40 години.
Литопедион е редок медицински феномен кога фетусот не се развива во матката туку во стомакот.
Во овој случај фетусот се префирлил во делот на абдоменот каде не постои можност да се развие. Станал калцифициран фетус бидејќи телото на тој начин се борело против него – објаснил др. Камер Рамирез.
Абдоминалната бременост е ретка и се случува секоја 11.000 бременост, а од неа 1,5 проценти се развива во литопедион.
На крајот старицата била префрлена во друга болница на операција.

