Лековитите својства на босилекот особено доаѓаат до израз при лекувањето на акни, лекување на анксиозност, асма, заболувања на бешиката и мокрачните патишта, болки во мускулите, мигрена, болки во желудникот, депресија, менструални проблеми, проблеми со циркулација и разни инфекции.
Најчесто се користи чајот од босилек ( листовите не треба долго да стојат во врела вода), но не трба да се заборави ни маслото, подсетуваат експертите, кое е делотворно во решавањето на проблемите со кожата.
Босилекот делува и како седатив, може да ги намали болките, а добар е и против грчеви.