Мај е месец на јагодите. И освен тоа е викенд – време за слатко искушение. За таа цел ќе ви понудиме еден рецепт за десерт од јагоди и урда, кој освен тоа што е многу вкусен лесно се подготвува.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250гр урда
1 чаша млеко
малку шеќер по вкус
250гр јагоди
1 лажица масло
1 ванила
ПОДГОТОВКА:
Измешајте ја урдата, млекотот, маслото, шеќерот и ванилата, така што да се добие хомогена смеса.
Измијте ги јагодите и исечете ги.
На дното од стаклена чаша ставете малку од млечната смеса. Потоа, ставете и слој јагоди и се така наизменично додека чашата не се наполни.