Мојата кујна

Лесен колач со лимон и мак

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 лажиче прашок за пециво

* 200гр брашно

* исцеден сок од два лимона со кора

* 200гр путер

* 220гр шеќер

* 5 јајца

* 15гр маково семе

* 6 лажици млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ги матиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер до добивање на густ крем.
  • Ги додаваме путерот и лимонот – корите и сокот, мешаме и го додаваме брашното со измешаниот прашок за пециво.
  • Ги додаваме млекото и макот и мешаме додека да добиеме хомогена смеса.
  • Ја ставаме смесата во тава и печеме на 180 степени, околу 40 минути.

Write A Comment