Убавина

Лесна маска за мека и нежна кожа на лицето

Ако студеното време оставило траги на вашето лице, сега е време да си направите една одлична маска. Таа има 2 главни предности. Прво, кожата станува мазна и мека како на бебе. И второ, се прави супер лесно – само од 3 состојки.

Земете една банана и изгмечете ја со вилушка, додадете една лажичка павлака и две жолчки. Измешајте добро и оставете ја смесата да одстои 5 минути. Потоа премачкајте го лицето, избегнувајќи го пределот околу очите и усните. Останете со маската 10 – 15 минути и потоа измијте ја со млака вода.

Повторувајте ја оваа постапка 2 пати месечно. Ако вашата кожа е многу оштетена, правете ја оваа маска 2 пати во неделата во период од 1 месец и потоа преминете на првата шема.

Напиши коментар