Заморот и нездравиот начин на живот веднаш се забележуваат на лицето. При тоа на доста непријатен начин. Меѓутоа сето тоа може да се избегне и без користење на безумно скапи креми.
За вас подготвивме една лесна маска, која, доколку ја правите 2 пати неделно, тенот ќе ви биде свеж и сјаен.
Таа е исклучително лесна. Се меша една лажица јогурт, едно лажиче мед , едно лажиче овес и малку сол. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Добиената маска нанесете ја на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите и усните. Чувајте ја маската така 20 минути и измијте ја со млака вода.