Мојата кујна

Летна паштета

Потребни состојки:

200 гр пиперки

200 гр домати

250 гр сирење

Сол

Пиперките и доматите добро се мијат, се отстрануваат семките и се мелат во машина за месо. Сирењето згмечете го со вилушка, измешајте го со пиперките и доматите и додадете сол по вкус. Добро измешајте и оставете паштетата добро да се олади во фрижидер.

Совет:

Сирењето ќе го зачува добриот вкус и свежината ако го завиткате во крпа натопена во вински оцет.

Напиши коментар