Девојки, хидратацијата е примарна грижа, која треба да ја правиме за кожата секој ден. А во текот на летото, особено за време и по морската почивка, навлажнувањето на кожата треба да биде уште поинтензивно.
И доклку сте фан на природните методи за нега на лицето, можете да пробате прекрасна домашна маска. Таа има силно хидратантно дејство, а благодарение на медот и јогуртот ќе ја смири кожата по изложување на сонце.
Потребни производи:
½ краставица
1 лажица мед
1 лажица кисело млеко
Камилица
Начин на подготовка:
Испасирајте ја краставицата и направете пире, откако претходно ќе ја излупите.
Кон добиената смеса додадете го медот и јогуртот и измешајте добро до добивање на хомогена смеса.
Нанесте ја маската на лицето и оставете ја делува додека се релаксирате.
Конечно исплакнете со млака вода и за финале – намачкајте го лицето со чај од камилица кој предходно сте го подготвиле.