Убавина

Лимонада диета

Лимонада диетата трае 10-14 дена. За две недели, можете да изгубите и до 9 килограми. Основниот принцип на лимонада диетата е чистење на организмот од токсини и брзо намалување на килограмите.

Лимонадата се подготвува на следниот начин: во сад со 2 литри топла зовриена вода исцедете сок од три лимони, , додадете 14 лажици јаворов сируп и пола лажиче лут црвен пипер, и измешајте.

Оваа лимонада треба да ја пиете со мали голтки секогаш кога ќе почувствувате дека сте гладни.

Сокот од лимон, како дел од лимонадата ќе му помогне на телото да се ослободи од мастите и токсините, јаворовиот сируп ќе ги обезбеди неопходните калории и витамини, а лутиот црвен пипер ќе го стимулира метаболизмот.

Другите пијалоци кои можете да ги внесувате во текот на денот се солена вода ( на врвот од ножот ставете сол во 2 децилитри млака вода) и зелен чај кој ќе помогне да се зголеми исфрлањето на токсините од телото.

За да му ја обезбедите на телото потребната енергија, дневно треба да испиете 8-12 чаши лимонада, што е околу 800-1200 калории.

Три дена пред да почнете со диетата, заменете го месото со свежо овошје и зеленчук.

Два дена пред диетата потребно е да внесувате само течна храна, а еден ден пред диетата – цел ден се пие само свежо цеден сок од портокал (најмалку 2 литри дневно).

 

 

Напиши коментар