Актерката постојано посетува специјализирани клиники, за да се лекува од различни свои зависности. Последен пат беше во калифорниската медицинска установа скоро три месеци по наредба на судот. Кон средината на август Линзи беше ослободена и оттогаш тврди дека не посегнува кон алкохолот и други слични опијати. Изгледа Линзи сака да тргне по вистинскиот пат и освен тоа да им помогне на другите кои се наоѓаат во истата положба.

Неодамна се појавија и гласините дека таа има намера да изгради своја рехабилитациона клиника. Таткото на ѕвездата, Мајкл, изјави дека тие не се далеку од вистината: “Се што знам е дека таа се справува одлично и сака да им помогне на другите.
Лохан веќе разговарала со свои пријатели и познаници да инвестираат во нејзиниот потфат.

