Ми се повраќа од љубовта. Не! Ми се повраќа од она нешто на што му се вели “љубов”. Од она нешто што ги собира на куп гнасните емоции и чувства.
Зависност, страв да не изгубиш, кога всушност си изгубил, самосожалување, сомнежи, болка и измамена радост, граничи со чиста лудост… Тоа не е љубов, тоа е помија. И Таа те задушува.
Те претвора во едно ништо, во дамка. Дамка што копнее и се задоволува со премалку за сметка на премногу. За сметка на гордоста, себичноста, на својата внатрешна осознаена независност на вистинските принципи и што е најлошо – на себе. Бидејќи да се изгубиш себе, за да си друг за некој друг, е најголемата пропаст!
Го дозволиш ли тоа, си удрил во дното! Што е всушност одлично! Може да биде одлично. Ако избереш да биде одлично!
Бидејќи кога си на дното имаш две опции, толку кристално јасни опции – да останеш на дното или да исраснеш. Затоа што понекогаш, за да се најдеш себе, мора прво да се изгубиш! Тотално! И тоа нема никаква врска со задоволството. Задоволството доаѓа со разоткривањето.
Тогаш сваќаш колку е вистинска вредност на Љубовта. Сваќаш дека тоа не е само возбуда и страст. Бидејќи љубовта мора прво да се роди во нас, треба да е во самите нас и дури потоа можеме да ја подариме. Должни сме да ја подариме. Без да очекуваме да ни се враќа!
