
Лејди Гага одлучила на сите да им покаже колку го сака својот избраник Тејлор Кини, па му поклоникла ранец вреден 55.000 долари! Во прашање е предмет кој го дизајнирал Дејмијен Хирст и е дел од ограничената колекција. “Тејлор многу сака ранци па таа сакаше да му купи еден единствен примерок – а има направено само 12 примероци”, открива еден извор. Сепак, тоа не е се, бидејќи Лејди Гага планира да организира и неколку журки. “Му организираше лет за Чикаго, за да го посети своето семејство. Гага знае дека Тејлор многу озбилно го сваќа својот роденден но секогаш и е тешко да пронајде поклон бидејќи тој не сака брзи автомобили, големи куќи или скапоцени одела”.
