Крупните локни кои паѓаат лежерно по рамената прават многу женствен и сексапилен впечаток. А и не е тајна дека мажите едноставно ја обожуваат оваа фризура. А ќе додадеме и дека во моментов фризурата е повеќе од актуелна…секако нема потреба од тоа да ве убедуваме дека ова е неворојатна варијанта што треба да ја изберете.
Што ви е потребно? Лак за коса, голема тркалезна четка, фен, пегла за коса, малку трпение и ова видео што следува. Таму ќе видите детално што точно треба да се прави.
Најважните чекори се да ја исправите и оформите косата со фен, после што треба да ги направите локните во внатрешниот дел. Прамените најгоре оставете ги прави и за крај само малку подвиткајте ги краевите. Накрај исчешлајте ја косата со крупен чешел за да постигнете природен изглед и фиксирајте со лак.