Потребни состојки:
*1 децилитар сок од лимон
*2 лажици магдонос
*1,5 децилитар дестилирана вода
*0,5 децилитри 70 постотен алкохол
Подготовка:
Иситнете ги листовите од магдоносот, полиете ги со дестилираната вода и со алкохолот. Ставете ја смесата во стаклена тегла, затворете ја и протресете ја. Оставете ја така да преноќи.
Следниот ден, исцедете ја течноста и додадете го сокот од лимон. Нанесувајте од лосионот навечер, на чиста кожа, а можете и наутро.
Лосионот чувајте го во фрижидер.
