Со локација во Москва, Begovaya е совршен стан, кој во себе има различни стилови, текстура, шеблони, се на едно место, совршено балансирани.
Едноставни, детално направени подови, живописна виолетова фотеља покрај каминот во спалната соба, лустерот над трепезариската маса и огледалото со многу детали се прекрасни инсерти на класичниот пристап на контрасти со целокупен модерен изглед. Секако, најдоминантен контраст се црните и белите тонови кои даваат нота на ултимативен луксуз и елеганција.
Сите детали се совршено дозирани, не може да се забележи недостиг на луксуз и добар вкус во овој ентериер. Спалната соба е наједноставното место во овој стан, без многу стилски елементи кои привлекуваат внимание.