Се наоѓа во градот Вернон, во западниот дел на Канада…
Длабоко во долината “Okanagan” , се наоѓа прекрасно архитектонско ремек дело. “Hill resort and Wellness” хотелот, окружен е со прекрасни планински предели и кристално чистото езеро Okanagan. Покрај навистина навистина волшебното окружување, кое ќе ви овозможи незаборавен одмор, комплексот поседува раскошно дизајниран спа центар. Од просториите со температури и до минус 100 степени целзиусови, преку кристалните хидромасажни кади за двајца, терапевтски масажи, па се до комплетен естетски програм и сето тоа крај каминот украсен со Сваровски кристали, овој оргинален спа центар ќе ви овозможи несекојдневно опуштање.
Хотелот поседува 152 апартмани и соби. Доколку сакате да бидете гостин и да уживате во сите волшебства на овој комплекс, ќе морате да издвоите од 137 амерички долари по ноќевање.



















