Chalet Marco Polo се наоѓа на французките Алпи и е продукт на искусна дизајнерска работа чија очигледна цел била да создаде рајско катче за одмор среде снежната покривка на масивните планински падини. Оваа вила нуди неспоредливо доживување во луксуз и комфорт.
Големината на вилата е соодветна за голема група пријатели за кои се предвидени и соодветен број спални соби. Зарем не би го избрале ова место како идеална дестинација за зимски одмор?