Ќе ви представиме куќа која со сигурност може да стане репер за луксуз. Ова катче од рајот се наоѓа на островот Ангвила во Карипското Море и ако имате среќе да се најдете таму, нема како да не се заљубите во оваа мешавина од романтика и практичност.
Егзотични плафони од цврсто дрво, мермерни подови и огради кој го надополнуваат изгледот на ова извонредно дело со површина повеќе од 4000 метри квадратни.
Освен со неверојатна глетка вилата плени и со шик џакузи, два базени, соба за релаксација и фитнес сала.
Ова е ремек дело на архитектурата со модерен дизајн. Класиката и иновативноста се преплетуваат, нудејќи еден дом од соништата.










