Max Strang Architecture studio е творец на дизајнот на оваа прекрасна куќа на езеро…
Завршена во 2010. година, оваа eco-friendly луксузна резиденција се наоѓа на Флорида. Дизајнот на ентериерот се состои воглавно од дрво кое е наредено на школка. Школката обезбедува изолација и стабилност, и го штити стаклото од јакото сонце на Флорида. Оваа луксузна куќа има пасивен концепт на дизајнот, што резултира со голема количина на дневна светлина и проток на воздух. Се состои од четири спални соби, кујна, дневна соба и канцеларија. Базенот и покриената тераса се наоѓаат на страната на куќата која има поглед кон езерото.