Сам по себе егзотичниот Тајланд е парче од рајот за оние кои сакаат да побегнат од шумното и напорно секојдневие на големиот град и рутината.
Идеална дестинација за релаксација на психата и освежување на силите ви нуди токму овој резорт сместен среде тропските градини и на самиот брег за да ви го даде максимумот што оваа дестинација може да ви го понуди. Резортот ширум светот е познат како ексклузивно место на кое му се зголемува цената поради така бараната во последно време приватност и дискреција.