Дестинации

Луксузно патување на првaта љубовна средба

Секој маж сака да ја импресионира дамата на првата средба, било да е тоа со прекрасен букет, вечера или мал подарок во кино.

Но да ги оставиме настрана вообичаените пристапи да се привлече една жена и да им дадеме шанса на луѓето кои можат да си дозволат нешто навистина незамисливо. Островот “Spitbank Fort”, нуди идеално место за романтична средба на околу 1,6 километри од брегот на Хемфира.

Средбата започнува со романтично патување со Бентли, што ќе ве однесе до пристаништето и приватната јахта која ќе ве очекува таму. На бродот ќе добиете шампањ и вкусни јадења.

Следната фаза од средбата поминува на специјално созаден остров, кој претставува бетонска платформа врз која е издигната вистинска луксузна палата.

Откако ќе ја разгледате вилата со базен, можете да вечерате и потоа да уживате во луксузната спална соба со лична визба со висококвалитетни вина, библиотека со романтични романи, сауна, палуба за сончање и џакузи.

Можете да се опуштите и со релаксирачка масажа, појадок во кревет и музика во живо по ваш избор.

 

Write A Comment