ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 јајце
*2пак. ванила
* 150гр шеќер
* 150мл млеко
*250гр брашно
* 1 лажица прашок за пециво
* 2гр сол
* 140гр стопен путер
ЗА КРЕМОТ:
* 80гр крем сирење
* 120гр крем “Нутела”
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Во длабок сад ги мешаме сувите состојки – брашното, пецивото, солта, шеќерот и ванилата.
- Во друг длабок сад ги мешаме течните состојки – јајцата, путерот и млекото.
- Внимателно ја истураме сувата смеса во течната. Малку мешаме, но не со миксер.
- Готовата смеса со лажица ја ставаме во претходно подмачкани форми за мафини.
- Ги печеме во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 минути.
- Во меѓувреме го подготвуваме кремот.
- Внимателно го мешаме кремот нутела и без да запираме го додаваме и крем сирењето. Мешаме полека до добивање на хомогена смеса.
- Готовиот крем го ставаме во шприц и го додаваме врз мафините, откако ќе се оладат.
- Украсуваме по желба.