ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250гр брашно
* 150гр шеќер во прав
* 80гр какао
* 1 прашок за пециво
* 150гр чоколадо на коцки
* 4 јајца
* 125гр путер стопен
* 250мл. Млеко
* 80гр сецкани јагоди
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Во еден сад ги мешаме сувите производи.
- Ги матиме јајцата, го додаваме путерот и на крај млекото.
- Кон сувите производи ги додаваме течните и со дрвена мешалка мешаме убаво за да се соединат. Ги додаваме јагодите и повторно мешаме внимателно.
- Смесата ја истураме во формички за мафини, и печеме во загреана рерна на 200 степени, околу 20-25 минути.