Лошата исхрана е најчеста причина за подуеност на стомакот. Доколку сакате да се ослободите од ова непријатно чувство, пробајте го пијалокот кој ќе ви помогне нудејќи ви чувство на ситост и задоволство. Влакната кој се наоѓаат во овошјето и темното чоколадо го забрзуваат метаболизмот и помагаат во губењето на килограми.
Состојки:
1 филџан јагоди
1 филџан малини
2 лажици темно чоколадо во прав (или 2 штанглици)
1 филџан бадемово млеко
1 филџан лед
Припрема:
Состојките ставете ги заедно во сад и со блендер убаво иситнете ги. Пијалокот испиете го наутро или помеѓу ручекот и вечерата и уживајте во вкусниот десерт кој ке ве направи сити и ќе ве ослободи од чувството на подуеност.