ШоуБиз

Мајката на Ким Кардашијан си поигра со гледачите

Во новта епизода од шоуто “Keeping Up With The Kardashians” мајката на познатата старлета Ким Кардашијан успеала да ја шокира публиката кога се појавила со бебе во рацете, наведувајќи ја публиката да помисли дека е во прашање нејзината внука Норт Вест.

Бидејќи цел свет со нетрпение очекува да види како изгледа новородената ќерка на Ким Кардашијан и Каније Вест, нејзината мајка решила да си поигра со гледачите така што во емисија го донела бебето на нејзината стилистка. Кога се појавила со бебето, сите помислиле дека конечно тоа е моментот кога ќе ја прикажат малата Норт, публиката вриштела, меѓутоа, набргу сватила дека е во прашање мала шега која ја организирала Крис.

Write A Comment