Американските медиуми откриле дека актерската двојка не живее заедно веќе повеќе од една година, но сепак не ја исклучуваат можноста за помирување.
Иако живееја во прилично среќен брак 12 години, поради разни притисоци и тежок период низ кој поминаа, дошло до несогласувања. Всушност, Мајкл тогаш се борел со рак на грлото, Кетрин (43) со биполарно растројство, а синот на Мајкл имаше проблеми со законот.
Мајкл (68) уште во текот на летото се одселил од нивниот дом со нивните две млади деца, Крис (9) и Дилан (12).
“Тешко се носеа со болеста на Мајкл, психичките проблеми на Кетрин и проблемите на синот на Мајкл врзани со законот, па одлучија дека повеќе не можат да живеат заедно”, изјавил близок извор.
“Мајкл се пресели во изнајмена куќа на некое врме, но нивната раздвоеност може да доведе до финален распад, па дури и развод”, изјавил изворот кој сепак нагласува дека времето ќе покаже дали двојката ќе ја надмине кризата, на што, наводно, повеќе инсистира Кетрин. Таа и понатаму сака деца и смета дека е важно семејството на остане заедно, пред се поради децата.
Болста на актерката, кои некои симплистички ја нарекуваат тешка депресија, откриена е неодамна, а се манифестира со постојани промени во однесувањето од намуртеност и плач со смеа и тага.
Лековите кои ги зема помагаат да се справи со својата болест, но влијае на нејзината општа состојба, што можеби и донело до проблеми во бракот.
Актерката неодамна изјавила:”Јас сум психички болна, од тоа не се срамам”, и додала дека поради болеста, ако има потреба сама ќе отиде во институција.
http://www.youtube.com/watch?v=5Sbk5UTWJM8&feature=player_embedded