Дестинации

Малата држава – Луксембург

Луксембург е мала земја со главен град кој го носи истото име и се наоѓа на самиот врв на листата на најбогатите и најмалите европски земји.

Благодарение на нејзината положба, во оваа земја се спојуваат различни култури, јазици, како и мешавина од старото и новото. Старите куќи сеуште постојат, но тие се многу добро одржувани, новите домови се беспрекорно дизајнирани, улиците обновени, уредени и беспрекорно чисти. На улиците нема многу гужва, сè функционира како добро подмачкан механизам.

Голем број од населението потекнува од соседните држави. Тие главно се од Португалија, Холандија, Белгија и Франција, а третина од населението поседува пасош. Во оваа земја со многу висок бруто домашен приход, патувањата и одморите се сосема нормална работа, на која граѓаните на оваа земја се навикнати. Голем број од нив посетуваат странски земји за викенд, што е олеснување за туристите, бидејќи тоа значи помала гужва по градските улици.

Луксембург е земја која често ги менувала своите господари… За ова говорат и разните архитектонски чуда во различни стилови, а пример за тоа се Шпанските оклопни кули кои некогаш имале улога на шпиунски засолништа, а денес служат како декорација на градските ѕидини.

Луксембург како главен град на истоимената држава е полн со луксузни ресторани со интернационална гурманска кујна. Тука цените на пијалоците и цигарите се многу ниски, сепак вината на Луксембург се сметаат за високо квалитетни. Градот е преполн со паркови, кои се особено популарни во пролет и есен, првенствено заради визуелните ефекти.

Освен главниот град, убаво е да се посети и местото Вианден кое се наоѓа во североисточниот дел од земјата, препознатлив по истоимениот средновековен замок кој е реставриран и отворен за посета. Местото е искористено и како одличен амбиент за снимање на многу филмови. Останати знаменитости на градот се куќата во која претстојувал Виктор Иго и големата хидроцентрала.

Климата во Луксембург потсетува на онаа во Холандија и Белгија: свежи лета и благи зими со многу врнежливи денови. Северниот дел на земјата, Еслинг, го сочинуваат ниски ридови, ограноци од Ардените, и пејзажот е претежно шумски и планински со голем број на средновековни замоци, додека јужниот појас, Гутланд е сочинет од рамнински плодни полиња.

MALENA DRŽAVA - LUKSEMBURG

MALENA DRŽAVA - LUKSEMBURG

MALENA DRŽAVA - LUKSEMBURG

MALENA DRŽAVA - LUKSEMBURG

 

MALENA DRŽAVA - LUKSEMBURG

MALENA DRŽAVA - LUKSEMBURG

MALENA DRŽAVA - LUKSEMBURG

MALENA DRŽAVA - LUKSEMBURG

MALENA DRŽAVA - LUKSEMBURG

MALENA DRŽAVA - LUKSEMBURG

MALENA DRŽAVA - LUKSEMBURG

Write A Comment