Mалдивите се најмалата азиска држава и по население и по територија.
Овие острови се карактеристични по малата надморска височина. Почвеноит слој е тенок и слабо плоден, а подземните води се полусолени. Поради тоа тука растат претежно кокосови палми.
Но, тоа е се само суви информации за географските специфики на Малдивите.
Неговите жители првично биле будисти. Арапите и Персијците почнуваат да се населуваат во областа околу V-VI век. Исламот влегува на островите како главна религија во 1153 година и останува како основна религија на населението и до денес.
Па не се изненадувајте ако на аеродромот ве распрашуваат какви книги носите и дали се со анти-исламска насоченост.
Што се однесува до климата температурите се движат помеѓу 24 и 33 степени во текот на целата година.
За да ги покажат своите убавини на светот, но и за да заработат пари Малдивите го отвараат својот прв туристички комплекс во 1972 година. Денес земјата има 89 туристички комплекси со капацитет од 17 000 легла за 600 000 туристи.
Тие се омиленото место поради релативно умерената клима, чистата сина вода, белите песочни плажи и поради исклучително интересниот и богат подводен свет.