Мојата кујна

Малини во чоколадо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100гр брашно

1 пециво

140гр шеќер во прав

1 ванилa

140гр путер или маргарин

70гр рендано чоколадо

70гр ситно сецкани бадеми

4 јајца

2-3 лажици млеко

200гр малини

ЗА ГЛАЗУРАТА:

100гр чоколадо

100гр путер

1 ванилa

Малини

Боровници

ПОДГОТОВКА:

Пенасто изматете го путерот или маргаринот, додадете го шеќерот во прав, ванилата, чоколадото и жолчките, па се добро изматете. Додадете го брашното, пецивото, млекото, снегот од белките и малините, па сето тоа соединете го. Смесата ставете ја во калап подмачкан со брашно. Печете околу 40 минути на 200 степени.

За глазурата загреете го путерот и ренданото чоколадо на пареа, па ставете ја ванилата. Глазурата прелиете ја врз оладената торта и украсете со овошје.

Write A Comment