Реномираниот бренд Nautica прослави триесет години од своето постоење представувајќи ја инспиративната колекција за мажи насловена како “Black Sail”.
Наменета првенствено за ладно време, колекцијата за 2013. година сепак содржи светли тонови, задржувајќи ја притоа елегантноста и софистицираноста. Оваа исклучителна линија на машка гардероба е одличен пример за кежуал елеганција.