Убавина

Маска од чоколадо

Доколку сакате да се ослободите од непријателот број еден на жените- брчките, ви предлагаме да не се двоумите, и да направите некоја постапка со чоколадо. Темното чоколадо е богато со ант-оксиданси  и не им  дозволува на слободните радикали да ја оштетуваат кожата. По постапката ќе се чувствувате убави и млади.

Пред  да појдете во некој салон за убавина и да уживате во чоколадни масажи, третмани и други процедури, ние ви предлагаме да пробате да си направите една пилинг маска дома. Таа веднаш ќе ја ублажи и навлажни вашата кожа:

Земете 10 грама чисто како во прав, 1 лажица мед, 5 грама шеќер и две лажици бадемово масло.  Сите овие состојки измешајте ги добро, додека не добиете мазна паста. Ставете ја оваа снмеса врз лицето и вратот и нежно масирајте со прст 1-2 минути. Потоа исплакнете со топла вода. Резултатот е мека, мазна и еластична кожа само со една апликација.

Напиши коментар