Убавина

Маска од мед која ќе ве подмлади

Медот е најдобар мелем против акни и сува кожа. Тој исто така го намалува и го спречува стареењето на кожата.

Маската од мед се користи од генерација на генерација, а доколку не сте наследиле некоја рецепта, запамтете една од овие.

МАСКА ОД МЕД ЗА КОЖА КОЈА СЕ ЛУПИ

Потребно ви е:

Едно јајце

Едно лажиче мед

Подготовка:

Измешајте ги јајцето и медот, маската нанесете ја на лице и оставете 15 до 20 минути. Измијте го лицето со млака вода.

МАСКА ОД МЕД ЗА АКНИ

Едноставно нанесете едно лажиче мед на чиста кожа и оставете да одстои 15 минути. Измијте го лицето со топла вода. За да се ослободите од акните со прсти нанесете мед дирекно на тоа место и тоа пред спиење. Врз медот ставете газа.

 

Напиши коментар