Убавина

Маска од моркови

Морковот многу често се користи во козметиката бидејќи одлично ја хидрира кожата, ја храни и ја прави нежна.

–          Сварете два поголеми моркова, изгмечете ги и додадете им пет лажици мед. Смесата нанесете ја на лице, оставете да делува десет минути, а потоа измијте ја со ладна вода.

–          За маска против брчки потребен ви е сок од моркови, изматена жолчка и неколку капки маслиново масло. Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на лицето и вратот. По половина час измијте го лицето со млака вода.

–          Изрендајте два моркова, измешајте ги со жолчка, и смесата нанесете ја на чисто лице. По 20 минути измијте ја со топла, па потоа со ладна вода.

–          Измешајте еднн изрендан морков и една јаболка. Смесата нанесете ја на лице и оставете да одстои 20 минути. Оваа маска ќе го одстрани заморот и акните од вашето лице, а можете да ја користите секој втор ден.

 

Напиши коментар