Убавина

Маска со сусамово масло против брчки

Доколку сакате да им се спротивставите на трагите на времето на најприроден начин, топло ви препорачуваме тоа да пробате да го направите со сусамово масло!

Тоа е богат извор на антиоксиданси, витамин E, лецитин, калциум, магнезиум, фосфор и други корисни материи кои ќе ја хранат вашата кожа во длабочина. Но најважно во случајов е дека сусамовото масло има способност да го забавува процесот на стареење. А се применува лесно. Еве како…

Потребно е да загреете малку сусамово масло и со помош на прстите да го втриете на местата по лицето каде се формираат брчки. Масирајте го лицето со кружни движења.

Потоа покријте го лицето со топла крпа и опуштајте се околу еден час.

Откако ќе се релаксирате, одстранете го сусамовото масло од лицето со помош на мека и чиста крпа.

Ова проверено делува!

Напиши коментар