Ако мислите дека алкохолот е добар само за да се напиете во сабота навечер, грешите! Од него се добиваат прекрасни маски за коса, со кои можете да си направите еден ритуал – разубавување во недела.
Ви предлагаме да ја пробате ефективната маска со бренди, која ќе ја зацврсти вашата коса и ќе ја направи посјајна.
Потребни состојки:
1 лажица бренди
1 лажица мед
1 жолчка
Начин на подготовка:
Измешајте ги добро трите компоненти и втријте ја добиената маска во коренот на косата.
Масирајте го скалпот на главата со бавни, кружни движења во текот на неколку минути.
Потоа нанесете го и остатокот од маската по должина на косата. Ставете најлонска капа, а одозгора топла крпа.
Релаксирајте се така околу 30 минути и потоа измијте ја маската.
