Освен што е неверојатно корисна за кожата, додека се суши врз неа, таа ги одстранува и порите. Кога ќе го додадеме уште и фактот дека таа има способност да ги одстранува нечистотиите и токсините, од неа добиваме прекрасен резултат.
Затоа решивме да ви понудиме една одлична маска за лице од глина, краставица и мед. Таа ќе ја направи вашата кожа мазна, ќе ја потхрани и хидрира. Со други зборови – ќе ви овозможи сеопфатна грижа!
Потребни состојки:
½ краставица
2 лажици багремов мед
1 лажица глина
Начин на подготовка:
Излупете ја краставицата и ставете ја во блендер. Откако ќе ја сомелете, додадете го багремовиот мед и глината и добро измешајте.
Добиената смеса нанесете ја на лицето и вратот и оставете да делува 20 минути. Додека чекате маската да се исуши, не зборувајте и не правете движења со лицето. Едноставно релаксирајте се и опуштете се.
На крајот одстранете ја маската со вода во која предходно сте раствориле лимонов сок.