Убавина

Маска за околу очи од мандарина

Кожата околу очите е многу деликатна и нежна па затоа има потреба од специјано внимание. Затоа девојки ви подготвивме една неверојатно ефикасна маска базирана на најактуелното во моментов сезонско овошје – мандарина, со чија помош ќе ви се врати свежината на погледот, зоната околу очите ќе се нахрани и ќе ја добие потребната влага, ќе се подмлади и ќе ги снема темните кругови и ситните мимички брчки.

Потребни намирници:

–          1 жолчка од јајце,

–          1 лажица маслиново масло,

–          ½ мандарина,

–          1 мала лажичка мед.

Изцедете ја мандарината. Добро измешајте ги жолчката и медот, а потоа додадете ги сокот од мандарина и маслиновото масло. Повторно измешајте за да се изедначи смесата.

Нанесете ја маската околу очите со нежно масирање при тоа и оставете да делува околу половина час.

Не е потребно да нансеувате крем после тоа, а ако веќе го правите тогаш кремот задолжително треба да биде наменет стриктно за таа зона.

Напиши коментар