Двајца холандски водители одлучиле да ги искусат контракциите кој секоја жена ги има пред породување, како би докажале дека жените се послаб пол и дека тоа е причината поради која толку тешко ги поднесуваат болките при породувањето.
Посетиле една клиника во Холандија каде со помош на електро стимулација секој може да осети колку породувањето навистина е болно.
Како и кај правото породување, почнале со благи контракции, чија болка двајцата ја прикриле со смеење, меѓутоа по извесно време кога почнале болките на контракција пред самото породување, тие вриштеле, скокале и ги стискале перниците.
На крајот двајцата се сложиле дека севкупното искуство е еднакво на мачење.
Погледнете го видеото!