After Midnight

Мажите се како…

Колку работи ви доаѓаат на ум, со кои можете да ги споредите мажите? Па, да ви помогнеме малку. Прочитајте ги овие нај кул и забавни описи на претставниците на т.н. силен пол.

Мажите се како…плочки за подот – ако ги поставиш правилно прв пат, можеш да шеташ на нив со години.

Мажите се како…банкарска сметка – без многу пари не собираат многу интерес.

Мажите се како…миксер – ти треба, но не си сосем сигурна зошто.

Мажите се како…реклами – не можеш да им веруваш на ниту еден збор.

Мажите се како…компјутери – тешки за разбирање и никогаш немаат доволно мемеорија.

Мажите се како…место за паркинг – убавите веќе се зафатени, а оние кои останале се или (за) инвалиди или се премногу мали.

Мажите се како…снежна виулица – никогаш не знаеш кога ќе дојде, колку сантиметра ќе биде и колку време ќе трае (издржи).

Мажите се како…лек – непријатно е да си имаш работа со нив, но потребни се.

Мажите се како…облаците – кога заминуваат, можеш да се надеваш дека денот ќе биде прекрасен.

Напиши коментар