Број еден во овогодинешната класација на списанието GQ за мажи со најдобар стил е шармантниот Даниел Крег.
Втор на списокот е тин ѕвездата Зак Ефрон кој веќе има 25 години и наскоро работеше заедно со Никол Кидман во новиот филм The Paperboy.
Трет во класацијата е Дејвид Бекам кој одамна има статус на модна икона, а неговите синови се облекуваат многу подобро од мнозинството возрасни мажи.
Под број 4 е Бруно Марс, еднакво елегантен и на црвениот тепих и кога пее, а околу него дефилираат ангелите на Викторија Сикрет.
Британските актери Иан Макгрегор и Роберт Патинсон се соодветно на петто и шесто место.
Седми според класацијата е новата ѕвезда Џозеф Гордон – Левит кого наскоро го гледавме во Црниот рицар.
Останатите во десетката се свршеникот на Џенифер Анистон – Џастин Теру и Ник Џонас, најмалиот од бендот Џонас брадарс, кој оваа година наполна 20 години.